Закажи термин

Услуги

Семејни и труднички фотосесии

Во студио, на отворено или во вашиот дом, онаму каде што вие и вашето дете се чувствувате најслободно. Без брзање и без принудни пози: децата водат, јас следам.

Црно-бела фотографија на бремена жена и партнерот и во студио

Што е вклучено

Вие, онакви какви што сте денес

  • Фотосесии во студио, на отворено или во вашиот дом
  • Труднички фотосесии, сами или со партнерот
  • Семејни фотосесии со децата
  • Реквизити и декор обезбедени по потреба
  • Фотографии обработени и во највисок квалитет
  • 5 фотографии подготвени за принт

Прашај за термин

Како изгледа сесијата

Нема правилна поза и нема погрешен момент

Децата не позираат. Тие трчаат, се кријат, се смеат кога никој не очекува, гушкаат и истражуваат. Мојата работа не е да ги смирам, туку да бидам подготвена токму за тие моменти.

Затоа сесијата ја водам без брзање. Ако сликаме надвор, најмеката светлина е еден час по изгрејсонце и еден час пред зајдисонце. Средината на денот дава остри сенки на лицата.

Фотосесијата за трудници е спомен од бременоста за вас двајцата, или за целото семејство ако бебето го чекаат и батко или сестричка. Може во студио, на отворено или дома. И вашето домашно милениче е добредојдено.

Совет: што да облечете за фотосесија

Практично

Што треба да знаете

Каде
Во студиото во Ѓорче Петров, Скопје, на отворено или во вашиот дом.
Колку трае
Фотосесијата трае 1 час.
Колку фотографии
Сите фотографии од фотосесијата (од 150 до 300) обработени, во највисок квалитет и 5 фотографии за принт.
Кога се готови
Фотографиите ги добивате во рок од 3 до 7 дена.
Облека
Едноставни, меки бои без крупни печати. Семејството во иста палета, но не идентично облечено.
Цена
За цена и слободни термини, пишете ми.

Чести прашања

Прашања што ги слушам најчесто

Кога е најдобро да се направи трудничка фотосесија?

Во периодот од 23 – 35 недела, за и мешето доволно да се познава, а и мајката да се осеќа удобно.

Што ако детето не сака да соработува?

Не мора. Не барам да се смее на команда. Децата водат, јас следам, а најубавите фотографии често се токму оние што не се планирани.

Може ли фотосесијата да биде на отворено?

Да. Кога времето дозволува, најубавите приказни ги создаваме надвор.

Ајде да почнеме

Резервирајте го вашиот термин