Закажи термин

Услуги

Вашиот фотограф за детски роденден

Првата торта, првата свеќичка! Роденденот поминува побрзо отколку што мислите, а половина од него го гледате низ екранот на телефонот. Јас сум таму за да не морате, за да можете само да бидете со детето.

Родители ја фрлаат насмеаната бебешка ќерка во воздух покрај розев балон со бројката 1

Што е вклучено

Целата прослава, без да ја пропуштите

  • Роденденски прослави дома или во сала
  • Кратка фотосесија, декорација, торта и детали пред гостите да дојдат
  • Групни фотографии со сите гости
  • Обработени фотографии во висока резолуција
  • 5 фотографии за принт

Прашај за термин

Како изгледа прославата

Вие сте со детето, јас ги бележам моментите

Доаѓам пред гостите. Така имаме мирно време за кратка фотосесија со славеничето, тортата, декорацијата и сите детали што сте ги подготвиле.

Кога ќе почне забавата, го следам она што се случува: дувањето на свеќичките, игрите, прегратките и смеата со другарчињата. Никој не мора да застане и да позира.

Во текот на прославата ги правиме и групните фотографии, со семејството и со сите гости заедно, за да остане спомен и од луѓето што дошле да го прослават вашето дете.

Практично

Што треба да знаете

Каде
Дома или во сала, во Скопје, а за надвор од Скопје, договараме малку поразлични услови.
Колку трае
Ова го договараме заедно, еден до два часа се сосема доволни.
Колку фотографии
Сите фотографии од самиот чин (од 200 до 400) обработени, во највисок квалитет и 5 фотографии за принт.
Кога се готови
Фотографиите ги добивате во рок од 2 до 5 дена.
Видео
Може да се додаде кратко видео од прославата во вертикален формат, до 60 секунди. Погледнете примери.
Цена
За цена и слободни термини, пишете ми.

Чести прашања

Прашања што ги слушам најчесто

Дали фотографирате само први родендени?

Не. Првиот роденден е посебен, но фотографирам родендени и на постари деца.

Колку однапред треба да закажам?

Што порано тоа подобро, односно минимум 2 недели пред терминот.

Може ли само роденденска фотосесија, без прослава?

Да. Роденденска фотосесија може да се закаже и одделно, во студио, на отворено или во вашиот дом. Повеќе за фотосесиите.

Ајде да почнеме

Резервирајте го вашиот термин