Закажи термин

Услуги

Фотосесии за новороденчиња и бебиња

Првите денови и месеци поминуваат најбрзо. Сесијата ја водам без брзање, по ритамот на бебето, во топла и безбедна средина.

Рачето на новороденото бебе го држи прстот на мама

Што е вклучено

Првите денови, зачувани засекогаш

  • Фотосесија во студио или во вашиот дом
  • Новороденчиња и бебиња од секоја возраст
  • Фотографии со родителите и со целото семејство
  • Реквизити и декор обезбедени по потреба
  • Фотографии обработени и во највисок квалитет
  • 5 фотографии подготвени за принт

Прашај за термин

Како изгледа сесијата

Полека и нежно го следиме ритамот на бебето

Кај новороденчињата не е важен часот, туку тоа дали вие се чувствувате подготвени. Бебето го чувствува вашето расположение, особено она на мама, па сесијата ја закажуваме кога ќе ви одговара вам.

Во студиото создавам топла и безбедна средина каде што и најмалите можат да се опуштат. Правиме пауза секогаш кога на бебето му треба, за гушкање, хранење или сон.

За постари бебиња, најдобро е сесијата да ја закажеме веднаш по спиење и по јадење. Одморено и нахрането бебе е најдобриот почеток. Кај нив најважна е играта, па така фотосесијата е проследена со доста игра и забава за нив.

Совет: кое е најдоброто време за фотографирање бебе

Практично

Што треба да знаете

Каде
Во студиото во Ѓорче Петров, Скопје, или во вашиот дом.
Кога
Мојот совет е најмалку 3 недели после раѓањето. Многу ми е важно како се чувствуваат родителите, особено мајката во овој период.
Колку трае
Фотосесијата трае 1 час.
Колку фотографии
Сите фотографии од фотосесијата (од 150 до 300) обработени, во највисок квалитет и 5 фотографии за принт.
Кога се готови
Фотографиите ги добивате во рок од 3 до 7 дена.
Цена
За цена и слободни термини, пишете ми.

Чести прашања

Прашања што ги слушам најчесто

Што да понесам?

Резервна облека, пелени, марамчиња, цуцла и нешто што го смирува бебето. Реквизитите и декорот ги договараме заедно, по потреба.

Дали може сесијата да биде кај нас дома?

Да. Фотосесијата може да биде во студиото или во вашиот дом, онаму каде што вие и бебето се чувствувате најопуштено.

Како се грижите бебето да биде безбедно и на топло?

Температурата ја адаптираме по потребите на бебето, користиме прочистувач и хигиената е на највисоко ниво. Студиото има простор за пресоблекување и хранење на бебето. Во моето студио бебињата не се виткаат, туку позите се природни, со отворени рачиња и ноџиња, често во прегратките на мама и тато.

Ајде да почнеме

Резервирајте го вашиот термин