Закажи термин

Услуги

Вашиот фотограф за крштевки

Свет ден во едно семејство во кој се зачувани сите моменти. Работам тивко и ненаметливо, вие сте таму за вашето дете, не за фотоапаратот.

Родители со бебето во раце пред православна црква на денот на крштевката

Што е вклучено

Сѐ од денот, на едно место

  • Кратка фотосесија пред самиот чин
  • Целосно покривање на чинот
  • Групни и семејни портрети
  • Детали, облека, свеќи, декорација
  • Обработени фотографии во висока резолуција
  • 5 фотографии за принт

Прашај за термин

Како изгледа денот

Заедно со вас, низ секој важен момент на крштевката

Денот го почнуваме со кратка фотосесија пред самиот чин, додека бебето сѐ уште е мирно. Тоа е моментот за семејните портрети и за деталите што сте ги подготвиле со толку внимание: облеката, свеќите и декорацијата.

За време на чинот работам тивко и ненаметливо. Не барам од никого да позира. Вие сте таму за вашето дете, а јас ги бележам погледите, прегратките и смеата што ќе ги паметите.

Потоа следат групните фотографии со кумовите, семејството и гостите. Ако бебето се измори, заплаче или заспие, не се трудиме да го смириме на сила. И тие моменти се дел од приказната.

Совет: како да го подготвите бебето за крштевката

Практично

Што треба да знаете

Каде
Во црквата што сте ја избрале, во Скопје, а за надвор од Скопје, договараме малку поразлични услови.
Колку трае
Целиот чин заедно со кратката фотосесија трае околу еден час.
Колку фотографии
Сите фотографии од самиот чин (од 200 до 400) обработени, во највисок квалитет и 5 фотографии за принт.
Кога се готови
Фотографиите ги добивате во рок од 2 до 5 дена.
Цена
За цена и слободни термини, пишете ми.

Чести прашања

Прашања што ги слушам најчесто

Колку однапред треба да закажам?

Што порано тоа подобро, односно минимум 3 недели пред терминот.

Што ако бебето плаче или заспие?

Сосема е во ред. Не мора постојано да го смирувате или да го терате да гледа во камера. Го следам неговиот ритам, а и тие моменти се дел од приказната.

Дали фотографирате и на прославата по крштевката?

Постои и таа опција, пишете ми и ќе ви дадам информации и околу ова.

Ајде да почнеме

Резервирајте го вашиот термин